МИТОЛОШКИ СУШТЕСТВА
Според
Овидиј (
Метаморфози V, 551), Сирените биле придружнички на младата
Персефона.
Деметра им дала
крилја за да ја бараат Персефона кога била грабната. Сепак,
Хигиновите Митови
(Fabulae) раскажуваат како Деметра ги проколнала Сирените бидејќи не
успеале да интервенираат при грабнувањето на Персефона. Сирените биле
нарекувани и
Музи на долниот свет.
Волтер Копланд Пери забележал: „Нивната песна, иако неодоливо нежна, не била ништо помалку тажна, и ги опфаќала и
телото и
душата во фатално мртвило, претходник на
смртта и распаѓањето.“ "
[9]
Нивната песна постојано ја повикува Персефона. Поимот „песна на
Сирените“ се однесува на повикот на кој е тешко да се одолее, но ако се
послуша, ќе доведе до лош крај. Подоцнежните писатели врз основа на
описот на
Кирка – „врткајќи се таму во својата ливада, околу нив купишта трупови скапуваат, партали од кожа се стуткуваат на нивните коски.“
[10] - заклучиле дека Сирените јаделе луѓе. Како што
Џејн Елен Харисон за
Керите
како Сирени забележува: „Во исто време е чудно, но и убаво што Хомер
требало да направи Сирените да го повикуваат духот, а не месото.“
[11] Песната на Сирените е ветување за Одисеј за пророшките вистини; со лажно ветување дека тој ќе живее за да им раскаже, тие пеат:
![Image result for митолошки суштества](https://i287.photobucket.com/albums/ll146/militarlawyer/sirena.jpg)